Свеченост по повод поставување камен темелник за автопатската делница Прилеп – Битола на Коридорот 10д, една од четирите предвидени за изградба со Договорот со американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“.
На настанот ќе се обратат премиерот Димитар Ковачевски, вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, директорот на Јавно претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми, како и Џастин Сиберел, претседател на „Бехтел и Енка“ за Европа, Африка и Блискиот Исток, Ерик Мајер, вршител на должност на Амбасадата на САД и Хасан Мехмет Секизќок, амбасадор на Турција во државава.
Автопатот Прилеп – Битола ќе биде во должина од 39,4 километри, а според првичните пресметки изградбата ќе чини 260 милиони евра.
![Коридор 10д](https://mia.mk/articles/images/12.00%D0%BA%D0%B0%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D1%82%D0%B5%D0%BC%D0%B5%D0%BB%D0%BD%D0%B8%D0%BA%D0%B7%D0%B0%D0%B0%D0%B2%D1%82%D0%BE%D0%BF%D0%B0%D1%82%D1%81%D0%BA%D0%B0%D1%82%D0%B0%D0%B4%D0%B5%D0%BB%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B0%D0%BF%D1%80%D0%B8%D0%BB%D0%B5%D0%BF%D0%B1%D0%B8%D1%82%D0%BE%D0%BB%D0%B0%D0%BD%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D1%80%D0%B8%D0%B4%D0%BE%D1%80%D0%BE%D1%82oHj7w/wuatWPCWO/large.webp?use_watermark=1)
Со Договорот е предвидена изградба и на автопатските делници Тетово – Гостивар во должина од 17,5 километри, за кој проектираната вреднсот е 125 милиони евра, Гостивар – Букојчани, 30,3 километри, кој ќе чини 560 милиони евра и Требеништа – Струга – Ќафасан, 21,7 километри, со цена од 360 милиони евра.