Кејт Мидлтон блесна на БАФТА наградите: Носеше стар фустан и обетки од Зара

0

Синоќа беа доделени филмските награди БАФТА, а на црвениот тепих Кејт Миделтон го украде целото внимание во елегантно издание.

Принцезата од Велс се одлучи за долг, бел фустан од модната куќа Александар Меквин и црни, елегантни ракавици.

Меѓу деталите избрала златни обетки кои ги нашла во high street продавницата Зара.

Принцезата избра чевли Aquazzura, модел Fenix, додека чантата исто така беше од колекцијата Alexander McQueen.

Таа на црвениот тепих прошета во друштво на нејзиниот сопруг, принцот Вилијам, а парот беше одлично расположен.

Кејт го носеше истиот фустан на БАФТА наградите во 2019 година, а нејзиното рециклирање на претходно видени креации секогаш е пофалено. Иако секоја година доаѓаа на доделувањето, бидејќи Вилијам е претседател на Бафта од 2010 година, ова е нивна прва посета по 2020 година.