Кина ја започна првата национална програма за поддршка на децата и нивните родители, што е дел од пакет мерки за зголемување на наталитетот и зголемување на куповната моќ на домаќинствата со мали деца.
Семејствата ќе добиваат 3.600 јуани (450 евра) годишно за секое дете под три години. Тоа е финансиска стимулација за семејствата со деца родени во периодот од 2022 до 2024 година. Се проценува дека 20 милиони семејства ќе ја добиваат оваа форма на поддршка годишно.
Сепак, Зичун Хуанг, економист во финансиската компанија „Капитал економикс“, смета дека ова е премал износ за да има краткорочен ефект врз стапката на наталитет или зголемување на потрошувачката.
Сепак, тој оцени дека ова е пресвртница во однос на директната финансиска помош за домаќинствата и дека оваа помош ќе биде достапна и во иднина.
Населението на Кина се намалува во последните три години, и покрај тоа што земјата ја прекина политиката на едно дете во 2016 година, објави „Фајненшл тајмс“.