Министерството за надворешни работи на Кина побарало од канадската конзулка во Шангај, Џенифер Лин Лалонде, да ја напушти Кина најдоцна до 13 мај.
Пекинг денес протера канадски дипломат откако Отава прогласи кинески дипломат персона нон грата, јавува Анадолу.
Во соопштението на кинеското Министерство за надворешни работи се вели дека од канадската конзулка во Шангај, Џенифер Лин Лалонде, било побарано да ја напушти Кина најдоцна до 13 мај.
„Кина го задржува правото дополнително да реагира“, се вели во соопштението.
Гневната реакција на Пекинг се случи откако канадската министерка за надворешни работи Мелани Џоли во понеделникот го прогласи кинескиот дипломат Жао Веи за „персона нон грата“.
Жао наводно бил избркан поради наводи за „заговор“ против канадски пратеник.
„Бев јасна: нема да толерираме каква било форма на странско мешање во нашите внатрешни работи“, изјави министерката.
„Дипломатите во Канада се предупредени дека доколку се вклучат во вакво однесување, ќе бидат вратени дома“, додаде таа.
Сепак, кинеската Амбасада во Отава одлуката ја нарече „бесрамна“.