Портпаролот на Советот за национална безбедност во Белата куќа, Џон Кирби, за Гласот на Америка изјави дека пристапот на Вашингтон кон Европа и балканскиот регион не е променет.
Кирки ги даде овие коментари како одговор на прашање како реакција на редакцијата во весникот „Вашингтон пост“, каде што се наведува дека претседателот Бајден ја следел политиката на „поддршка на авторитарниот српски претседател Александар Вучиќ во обид да го отстрани од Русија“.
„Овој став сè повеќе личи на неуспех“, вели Вашингтон пост.
Кирби не даде дополнителни коментари.
Неодамна, по предвремените избори, Србија беше зафатена од бран протести на опозицијата, која ја обвинува власта за масовни нерегуларности и манипулации во процесот на 17 декември.
Во уредничкиот напис на „Вашингтон пост“ се наведува дека Вучиќ и премиерката Ана Брнабиќ го „обвинија Западот за протестите“ и ги нарекоа „обид за рушење на владата“.
„Поттикнувајќи незадоволство против Западот и усогласувајќи се со Москва, Вучиќ добива поени со националистичките групи, додека своите демократски противници ги означува како слуги на странски интереси“, продолжува уводникот.
„Вашингтон пост“ наведува дека Вучиќ постојано ги уверува западните претставници на приватни состаноци дека „вложува најдобри можни напори неговата „непослушна“ нација да биде дел од Европската унија и дека тој е нивни партнер, единствен и доверлив.
Според „Вашингтон пост“, администрацијата на Бајден ја засновала својата политика на гаранциите што Вучиќ им ги дал приватно.
„Иако неколку опасни кризи во изминатата година во соседно Косово имаа српски отпечатоци од прсти, Соединетите Држави избегнаа јасно да ја обвинат едната страна, претпочитајќи да повикаат на смиреност“, се истакнува во написот.