Вкупниот број на корисници на здравствено осигурување во земјата е над еден милион 820 илјади, што е повеќе од бројот на жители, според последниот попис. Фондот за здравствено осигурување веќе започна со формирање меѓусекторска работна група со цел да се утврди точниот број на корисници на здравствено осигурување.
Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашко Клековски, вели дека меѓу нив најверојатно има македонски државјани кои живеат во странство, кои не се одјавени од земјата и продолжуваат да користат здравствено осигурување, но не ја исклучува можноста да има и лажно осигурени лица.
„Повеќе од половина од корисниците на здравствено осигурување се по други основи, а не врз основа на плата и осигурени деца. Покренавме иницијатива пред Владата за преиспитување на критериумите. Ова е меѓусекторска работа што ќе одземе време бидејќи имаме помалку жители отколку што имаме моментално корисници на здравствено осигурување“, рече Клековски.
Тој нагласи дека Фондот ќе иницира и измени во Законот за здравствена заштита со цел да се подобри контролниот систем за издавање медицински дозволи и да им се обезбедат на оние пациенти на кои навистина им се потребни.