Ковачевски: Изградабата на коридорите 8 и 10-д Северна Македонија ја ставаат на економската карта на Европа
Отпочнувањето на пристапните преговори со Европската Унија, на Северна Македонија и овозможи рекордна реализација на капитални инвестиции, со што се испраќа позитивен сигнал за целокупната деловна клима во земјата.
Ова го истакна премиерот Димитар Ковачевски на предавањето кое го одржа на престижната дипломатска академија во Виена.
Минатата година, во услови на најголема криза, Северна Македонија имамеше рекордна реализација на капитални инвестиции од 465 милиони евра, што е за 60% повеќе од 2014 година.
,,Само во последните три години, во услови на здравствена, економска и енергетска криза вредноста на капиталните инвестиции изнесува 1,1 милијарда евра. Изградени и рехабилитирани се 44 експресни, магистрални и регионални патишта Од 2017 до 2022 година се вложени 1 милијарда евра за изградба и рехабилитација на патишта.
Започна изградбата на железничката пруга од Коридорот 8, инвестиција вредна 600 милиони евра. Со оваа огромна инвестиција како држава и како влада уште еднаш ги потврдивме нашите добрососедски искрени политики кои се меѓу врните приоритети на нашиот пат кон ЕУ” рече Ковачевски.
Изградабата на коридорите 8 и 10-д Северна Македонија ја ставаат на економската карта на Европа.
,,Коридорот 8 е нов економски и развоен импулс на државата, можност Северна Македонија да биде на сообраќајната и економската карта на Европа. Коридорот 8 и коридорот 10д се најголемиот инфраструктурен проект досега во нашата држава во патниот сектор”, рече Ковачевски.
Вредноста на Договорот за изградба на коридорите 8 и 10д изнесува 1,3 милијарди евра. Ќе се градат четири автопатски делници во вкупна должина од околу 110 километри. Со гео-стратешката позиција и Коридор 8 ние стануваме неизбежна транспортна рута како во регионот така и пошироко.
,,Изградбата на Коридорот 8 значи поврзување на државата со другите земји од Европа, значи странски инвестиции, економски развој на земјата, побрз трансфер на луѓе и роба, развиен туризам и пред сè безбедни и сигурни патишта за граѓаните. За прв пат како држава се поврзуваме кон запад и исток, а не како досега само поврзување север и југ.
Со изградбата на автопатите нашата држава ќе биде поврзана со уште две пристаништа. Пристаништето во Драч и пристаништето во Бургас и тоа за нас е одлична можност и перспектива за развој”, истакна претседателот на Владата.