Ковачевски: Нема да имам средба со Лавров! Ова не е победа на Русија, тоа е победа на ОБСЕ

Нема да имам средба со Лавров, изјави премиерот Димитар Ковачевски пред отворањето на состанокот на Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје, пишува ТВ21. Ковачевски рече дека посетата на Лавров на Скопје не е победа на Русија, туку победа на ОБСЕ.

„Ова апсолутно не е дипломатска победа на Русија, ова е дипломатска победа на ОБСЕ, имајќи предвид дека функционирањето на ОБСЕ беше доведено во прашање, со што ОБСЕ ќе продолжи да функционира и ќе продолжи да биде гаранција за развојот на процесите на демократија и мир во Европа. Нема да имам средба со Лавров“, рече Ковачевски.