Силата не лежи само во победите, туку и во способноста за опоравување по поразот. Некои хороскопски знаци имаат неверојатна отпорност, упорност и самодоверба, без оглед на околностите.
Јарец
Јарците не се откажуваат. Дури и кога не им останува ништо, тие продолжуваат да градат чекор по чекор. Нивната дисциплина и внатрешна сила ги водат напред дури и кога другите би се повлекле. Тие го гледаат поразот како лекција, а не како крај.
Бик
Бикот е тивката сила на зодијакот. Тие не се откажуваат лесно бидејќи стабилноста е нивна природна потреба. Иако не сакаат ненадејни промени, кога ќе се најдат пред ѕид, ќе најдат начин да го срушат со свое темпо. Нивната упорност и верба во процесот ги прават речиси непобедливи.
Шкорпија
Шкорпиите се симбол на трансформација. Дури и кога се изгорени до темел, тие се обновуваат. Нивниот дух не е лесно скршен бидејќи знаат дека зад секоја болка доаѓа нова сила. За нив, преживувањето е начин на живот, а обновата е нешто што го прават со неверојатна сила и достоинство.