Кои парови немаат иднина: Тип на врска што речиси никогаш не успева

Љубовните врски не се секогаш едноставни. Иако не постои тајно решение за успешна врска, постојат некои врски кои никогаш не функционираат и поверојатно е да завршат порано од очекуваното.

Имено, 13-годишно истражување на Универзитетот во Колорадо Болдер наведува дека разликата во годините е најголемиот показател дали врската е осудена на пропаст.

Иако постојат неколку причини зошто врската нема иднина, сепак големата разлика во годините е најчеста причина.

Истражувањето, кое опфати неколку илјади домаќинства, покажа дека паровите со помала разлика во години се генерално покомпатибилни. Тоа имплицира дека знаат што сака нивниот партнер од животот, како што се децата, навиките за трошење, надминување на економската криза и слично.

Не е изненадувачки што од анкетираните, мажите кои имале помлади сопруги биле најсреќни, додека мажите кои биле во брак со постари жени биле најмалку задоволни.

„Ако има премногу јаз во возраста, ризикувате и двајцата да сакаат различни работи во животот. Едниот партнер можеби сака да патува додека другиот веќе го направил тоа. Нивото на зрелост може драматично да се разликуваат, а расправиите за љубомора и пари може да бидат вообичаени “, вели експертот за односи Џејмс Прес.

Паровите во врска треба да сакаат иста заедничка иднина за да можат да работат. Друга студија спроведена од Државниот универзитет во Јута покажа дека луѓето со две заеднички вредности се позадоволни од нивниот брак отколку оние без заеднички вредности.

Истражувачите биле прилично изненадени од откритието дека жените во брак со постари мажи се најнесреќни, додека оние кои се во брак со помлади мажи биле позадоволни. Се чини дека се претпочитаат помлади партнери за двата пола.

„Ако ги погледнете браковите со текот на времето, луѓето кои се во брак со многу постар или помлад сопружник имаат тенденција да имаат поголем пад на задоволството во бракот во споредба со сопружниците кои се слични по возраст“, ​​објаснија тие во подкаст на Универзитетот во Болдер.