Колку е здрав сексот? Ова се неговите најголеми предности

Предуслов за сексуалното здравје е тоа да се заснова на согласност, искреност и взаемно задоволство, а тоа се придобивките за нашето здравје кои ни ги обезбедува сексуалниот однос.

Загревањето за секс предизвикува наплив на хормони за добро чувство кои можат да го намалат стресот и да го подобрат сонот. Не е важно колку често имате секс и дали тоа го правите сами или со партнерот, само запомнете дека здравиот сексуален живот ни помага да се чувствуваме исполнети.Се покажа дека сексуалната возбуда го намалува нивото на хормонот на стресот кортизол, што објаснува зошто има толку релаксирачки ефект. Дополнителна причина зошто сексот помага да се ослободиме од стресот и анксиозноста е ослободувањето на ендорфин, хормони на среќата кои го подигнуваат нашето општо расположение. Ендорфините се невротрансмитери поврзани со зголемено чувство на задоволство, мотивација и енергија. Покрај сексот, други активности како вежбање, смеење и јадење вкусна храна исто така ослободуваат ендорфин. Сексот согорува калорииНе можете да ја замените редовната рутина за вежбање со секс, но тоа може да ви го поттикне срцето и да согорите повеќе калории отколку седењето на каучот.

Една студија од 2013 година покажа дека хетеросексуалните парови во раните 20-ти години согоруваат помеѓу 69 и 100 калории за време на просечната сесија на сексуален однос, приближно еднакво на 10 минути џогирање на лента за трчање. Колку калории ќе се согорат зависи од времетраењето и интензитетот на „играта под чаршафите“. Сексот може да ни помогне да спиеме подобро

И мажите и жените, според студијата од 2019 година, пријавиле подобар сон по оргазмот, без разлика дали е постигнат со партнер или мастурбација. Сексот воопшто, а особено оргазмот кај жените помага во ослободувањето на окситоцинот, кој директно влијае на мозокот и поттикнува релаксација, а во помала мера дури и делува како седатив. Според Меѓународното здружение за сексуална медицина, оргазмот исто така го зголемува нивото на пролактин, хормон поврзан со чувството на поспаност и релаксација. Сексот може да го зајакне имунолошкиот системСексуално активните жени, покажа мала студија од 2018 година, имаат повисоки нивоа на антитела наречени имуноглобулин А во нивната плунка, во споредба со жените кои апстинираат од секс. Недостатокот на имуноглобулин А може да го зголеми ризикот од одредени респираторни заболувања како што се пневмонија и бронхитис, како и инфекции на синусите, увото и очите. Затоа студијата сугерира можна врска помеѓу сексот и функцијата на имунитетот, иако истражувачите велат дека се потребни повеќе истражувања. Други студии покажаа дека мастурбацијата може да го зајакне имунитетот и да го подобри општото здравје. Сексот може да го намали крвниот притисок и да помогне во спречување на срцеви заболувањаПрвиот начин на кој сексот му помага на здравјето на срцето е преку забрзување на работата на срцето, па ако го практикуваме редовно, можеме да му помогнеме на срцето поефикасно да пумпа крв низ телото и истовремено да го намали крвниот притисок. Сепак, некои истражувања сугерираат дека сексуалната активност може да промовира негативен исход, особено кај луѓе со историја на кардиоваскуларни болести. Друг начин на делување е ослободувањето на хемиски соединенија за време на сексот кои го намалуваат стресот и анксиозноста, состојби поврзани со висок крвен притисок. Одржувањето на крвниот притисок во нормални граници е една од главните препораки за превенција од срцеви заболувања, бидејќи високиот крвен притисок може долгорочно да го оштети срцето и да доведе до опасни состојби. Сексот ја зголемува интимноста и либидотоСексот е нормален дел од секоја здрава врска бидејќи го зголемува ослободувањето на окситоцин. Исто така наречен хормон на љубовта, окситоцинот е поврзан со чувствата на доверба и емпатија кои се клучни за градење интимни односи. Доколку имате интимна врска и се чувствувате повеќе поврзани со партнерот, голема е веројатноста да ви се зголеми и желбата за секс, односно либидото. Сексот може да помогне во ублажување на болката Сексот ослободува ендорфин, за кој некои студии покажаа дека може да помогне во ублажување на менструалните и породилните болки. Покрај тоа, според клиниката Мајо, ендорфините исто така можат да помогнат во ублажување на хроничната болка.