,,Конечно успеа, го стави мојот полов орган во неговата уста” – Потресна исповед на легендарниот ас: Имал само 13 години кога…

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед и француската репрезентација, Патрис Евра, ја објави книгата „Ја сакам оваа игра“, во која изнесе бројни шокантни факти.

Евра за првпат во книгата откри дека како тинејџер бил сексуално злоставуван од неговата учителка. Патрис тогаш имал 13 години, а како што напишал злоставувањето било секојдневно.

– Кога првпат ја објавив книгата, не ја раскажав целата приказна бидејќи се срамев и се плашев што ќе мислат луѓето. Сега сакам да го кажам ова бидејќи не сакам децата во таква ситуација да се срамат од себе, мислејќи дека не се храбри. Не се работи за храброст, туку за ментална подготвеност. Сакам да се погрижам децата да имаат храброст да не се обвинуваат себеси, бидејќи јас секогаш се обвинував себеси. Не се срамам да кажам дека долги години се чувствував како кукавица бидејќи никогаш не проговорив – напиша Евра.

Патрис Евра

Познатиот фудбалер во тоа време живеел со директорот на училиштето.

– Сега ми е јасно дека сакаше да ме намами. Верувајќи дека спијам, тој ги ставаше рацете под моите нозе и се обидуваше да ме допре. Знаев дека прави нешто погрешно, па се обидов да го оттурнам и да го удрам. Му се спротивставив, но и се исплашив, иако не смеев да му покажам. Ќе требаше околу 10-15 минути и тој не се шегуваше, се обидуваше да ми ги соблече панталоните. Тој не кажа ништо, но се допираше и беше сензуално возбуден од она што се случува.

Евра истакна дека му било многу тешко после толку време да разговара за тоа со членовите на семејството, особено со неговата мајка.

– Никому не кажав, се срамев да разговарам со мајка ми и не знаев дали таа или некој друг ќе ми поверува. Никому не сум ја кажал целата приказна до сега. Последната вечер во неговата куќа, кога веќе знаеше дека се враќам кај моето семејство, конечно успеа, го стави мојот пенис во неговата уста.