Костадиновска-Стојчевска и црногорската министерка Влаовиќ ќе потпишат програма и ќе ја отворат изложбата на Лубарда во Скопје

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска ќе оствари билатерална средба со министерката за култура и медиуми на Црна Гора, Маша Влаовиќ, која престојува во официјална посета на Северна Македонија.

Во рамки на посетата планирано е да биде потпишана новата Програма за соработка во областа на културата за периодот 2023 – 2026 година.

Костадиновска-Стојчевска и Влаовиќ вечерва во Музејот на современата уметност во Скопје ќе ја отворат изложбата на дела од уметникот Петар Лубарда, еден од најистакнатите сликари на територијата на поранешна Југославија од втората половина на 20 век.