Костовски: Каков шамар за ДПМНЕ и нивните лаги!

На денешната собраниска седница каде точка на дневен ред беше Законот за амнестија, сите пратеници од СДСМ гласаа против потребата да се донесе Закон за амнестија со кој требаше да бидат опфатени и осудените од случајот „Монструм“ за Смилковско Езеро.

По неизгласувањето на законот, со статус на фејсбук се огласи пратеникот Мартин Костовски, во кој вели дека СДСМ отворено стои на ставот дека оправдувањето на Министерот Лога кој беше подносител на законот, не е издржано дека со законот ќе се растеретат затворите.

-Каков шамар за дпмне и нивните лаги-нема закон за амнестија!!

Денеска сите пратеници од СДСМ гласавме против потребата да се донесе Закон за амнестија со кој ќе бидат опфатени и осудените од случајот „Монструм“ за Смилковското Езеро. Ние отворено стоиме на ставот дека оправдувањето на Лога дека со законот ќе се растеретат затворите – не е издржано, напиша Костовски.