КОЈА Е РУСИНКАТА КОЈА ГО “ИНСПИРИРАЛА“ УБИЕЦОТ ОД ПРАГА !? Таа убила само едно лице, а потоа сама си пресудила: “Како да ми помогна од рајот…“

Дејвид Козак (24 г.), студент на Филозофскиот Факултет на Универзитетот „Чарлс“ во Прага, во четвртокот уби 15 лица и рани 30 во зградата на факултетот, наводно инспириран од пукање во училиште во Русија кое го изврши Алина Афанаскина (!?).

Како што пишува угледниот Time, заклучокот за тоа дека тој добил таква инспирација бил донесен врз основа на објавите на Дејвид Козак на социјалната мрежа Телеграм каде тој наводно објавил дека Алина Афанаскина премногу му „помогнала“.

Отсекогаш сакав да убивам, мислев дека во иднина ќе станам манијак. Сфатив дека е многу поисплатливо да се прави масовно убиство отколку сериско. Седев. Чекав. Сонував. Сакав… но Алина Афанаскина ми беше последната точка. Како да ми дојде помош од рајот токму на време“, наводно напишал тој на таа социјална мрежа.

Да потсетиме, во пукањето во училиштето во Брјанск, Русија, што се случи на почетокот на месецов, загина едно девојче, додека пет ученици се повредени. По пукањето, Алина Афанаскина изврши самоубиство.

Алина Афанаскина тој ден доцнела на училиште, влегла во училницата каде била и нејзината сестра близначка. Двете сестри оделе заедно на училиште, иако иследниците сугерирале дека сестрата веројатно не била свесна за плановите на Алина Афанаскина. Пукањето се случило во гимназијата.

Слушнавме звуци, удирање, мислевме дека топка удри во ѕид, мислевме дека доаѓа од часот по физичко. Но, професорот излезе од салата и кажа: ‘Не, ова е нешто страшно’. И две девојки дојдоа по неа. Рекоа дека пука… Започнавме да се криеме. Момчињата ја блокираа вратата со маси, едно од девојчињата повика полиција“, изјави тогаш еден ученик од Русија.

Според руските медиуми, учениците изјавиле дека девојчето е „многу чудно“, а таа не била активна на социјалните мрежи и речиси не комуницирала со соучениците.

Ловечкото оружје од кое е извршено пукањето е регистрирано на таткото на девојчето.

Дејвид Козак наводно на социјалната мрежа Телеграм изјавил дека ќе изврши масакр на Универзитетот и дека можеби ќе се самоубие. Пишувал на руски јазик, а истакнал дека е инспириран од Алина Афанаскина. Тој наводно напишал дека таа не убила доволно луѓе и дека наводно ќе се обиде да го поправи тоа.

Таа многу ми помогна“, наводно напишал Дејвид Козак, додавајќи дека отсекогаш сакал да убие некого.

Тој напишал дека ги мрази сите и дека сите го мразат и дека планира да остави што повеќе болка. Последниот пост (објава) датира од 19. декември.

Полицијата соопшти дека истражува дали профилот е навистина поврзан со лицето кое го изврши масакрот во строгиот центар на Прага. Ништо, засега, не е официјално потврдено!