КОЈА Е УБАВИЦАТА ОД НОВИ ПАЗАР КОЈА ГО ОСВОИ НАЈСИЛНИОТ МАЖ НА СВЕТОТ? Се запознале во Дубаи, а биле и во Србија!
Сопругите и девојките на познатите спортисти отсекогаш привлекувале внимание, но последниве денови на „радарот“ се издвојуваше името на една Србинка. Станува збор за Србинката Шејла Ѓаковац , која е родум од Нови Пазар, а еден од најистакнатите спортисти – бодибилдерот и најсилниот човек на светот Лери Вилс, падна под нејзиниот шарм.
Само на Инстаграм Лери го следат 3,6 милиони луѓе, а во морето фотографии од натпревари и од напорни тренинзи, се чини дека омилени му се оние со Шејла. Силниот маж и убавицата се неразделни, а минатото лето успеаја да ја посетат и Србија, што бодибилдерот го објави на својот Инстаграм профил.
Инаку, бодибилдерот првично ја стекна славата во кревањето тегови откако се посвети на работата на фитнес инструктор, па на својот канал на Јутјуб често поставува видеа од своите тренинзи заедно со совети како правилно да ги правите вежбите. Тие често тренираат заедно, што може да се забележи по линијата на убавата Шејла, чиј изглед го одзема здивот.
30-годишната девојка секојдневно е опсипана со комплименти за својата линија, па дури и ја споредуваат со Кардашијан, иако се согласуваат дека занесната Србинка е поубава.
Инаку, Лери и Шила се запознале во Дубаи, каде што живеат во моментов, а иако многу убавици не можеа да одолеат на неговиот шарм, само една шармантна Србинка беше кобна за него. Во неколку наврати нагласи дека таа му е најголемата поддршка во се што прави, но и тој е таа, а силниот и убавицата ретко се разделуваат.