Кралот Чарлс Трети на почетокот на годината откри дека има рак, но не ги објави детали за болеста. Оттогаш, јавноста може спорадично да го види на некои јавни настани, но Бакингемската палата не објавува никакви вести за неговата состојба.
Она што може да се забележи е дека изгледа добро и дека на прв поглед никој не можел ни да претпостави дека кралот има лоша болест. Сега, можеби за прв пат, накратко проговори за неговата состојба.
Така деновиве тој отпатува во Саутпорт во северна Англија, а тоа требаше да им оддаде почит на жртвите од настапот на Тејлор Свифт, во кој животот го загубија три млади девојки. Токму таму го прашале како се чувствува среде битката со ракот, а неговиот одговор ги изненадил сите.
„Не сум толку лош“, кратко рече тој.
Што знаеме за болеста на кралот Чарлс III
На британскиот крал Чарлс Трети му беше дијагностициран тип на рак, објави Бакингемската палата на 7 февруари 2024 година.
Дијагнозата е поставена во текот на процедурата поради зголемена простата. Кралот започна со лекување и му беше препорачано да ги одложи сите јавни обврски.
Бакингемската палата не откри за каков вид на рак се работи, ниту пак каде ќе се лекува кралот. Сепак, тие нагласија дека не се работи за рак на простата.