Случајот Погба конечно доби епилог. Судот денеска ја објави пресудата за шестмината обвинети за обидот за киднапирање и изнуда на фудбалерот Пол Погба.
Братот на поранешниот играч од средниот ред на Манчестер Јунајтед и Јувентус, Матијас е осуден на три години затвор, од кои две се условни и парична казна од 20.000 евра, пренесе АФП.
Задолжителната година ќе ја одлежи во домашен притвор, а потоа и електронска нараквица. Ова е казната што ја бара обвинителството. Напуштајќи ја судницата, адвокатот на Матиас Погба рече дека неговиот клиент ќе поднесе жалба.
Најтешка казна доби Рушдан К, осомничен дека организирал обид за изнуда на Пол Погба, од кого групата барала дури 13 милиони евра. Организаторот доби осум години затвор, а останатите четворица добија од три до пет години.
Дополнително, судот определи економска штета од 197.000 и морална штета од 50.000 евра за Пол Погба (31), со што на сите обвинети им наложи оваа сума заеднички да ја платат на поранешниот француски репрезентативец, кој моментално е без клуб.