Критики за Никол Кидман на социјалните мрежи

Кариерата на холивудската ѕвезда Никол Кидман стана главна тема на разговор на мрежите.

Откако актерката Никол Кидман на Инстаграм прослави дека магазинот GQ неодамна ја прогласи за жена на годината, почнаа критиките.

На нејзините следбеници на социјалните мрежи им пречи тоа што Никол имаше многу улоги во изминатата година.

Повеќето веруваат дека си дала премногу работа, додека други ја критикуваат затоа што на другите им „одзема“ улоги.

„Можете ли да им дадете шанса на другите актерки со тоа што нема да глумат во секој филм“, прашала една жена, на која неколку други се согласиле.

Веќе не ни знае како да постапи“, се вели во друг коментар.

„Мислам дека треба да престанете да се однесувате како да имате 25 години. Не изгледа добро, само велам“, „Таа треба да биде загрижена поради прекумерната изложеност“, „Дали ѝ треба толку многу работа“, се огласија другите.

„Се чини дека деновиве глуми апсолутно во се и тоа ме нервира. Мислам дека има спротивен ефект, луѓето повеќе нема да сакаат да ја гледаат“, коментираат понатаму.

Сепак, се огласија и оние кои ја поддржуваат Никол и нејзината кариера:

“Нејзиниот талент е непобитен. Таа го заслужи сето тоа. Посакувам да биде во повеќе филмови и серии. Не можеме да се заситиме од неа. Таа е легендарна.”

“Тоа е буквално нејзина работа. Тоа е исто како да му кажете на некој кој работи во банка да даде отказ и да ја остави работата на некој друг”, напишале нејзините обожаватели.

Претходно оваа година, Никол Кидман изјави за Variety дека презема повеќе улоги за да им помогне на другите во филмската индустрија:

„Ми се допаѓа да се грижам за другите. Мислам дека можам да создадам повеќе работни места за други луѓе“.