Косовскиот премиер Албин Курти во интервју за „360 Града“ кое ќе се емитува вечерва во Алзас, зборува за утрешната средба со претседателот на Србија, Александер Вучиќ.
Охрид, според Курт, како место за состаноци го одредил високиот претставник на ЕУ, но има и своја симболика бидејќи заедно со Преспа се познати како градови на договори.
„Утре ја имаме средбата во Охрид, средба на високо ниво со посредство, олеснета од ЕУ. Одлука на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, г-дин Жозеп Борел, средбата ќе се одржи во Охрид. Тој ќе ја посети Северна Македонија и бидејќи е соседна земја на Република Косово, како и на Србија, која во нејзините две езера веќе докажа дека ги трансформира тие блиски градови, односно Охрид и Преспа, во места за договор, јас верувајте, што има и симболично значење за оваа наредна средба што ќе ја одржиме во Охрид“, изјави Албин Курти, премиер на Косово.