Кучињата кои живеат во Чернобил развија супер сила: Истражувачите беа изненадени од необични откритија
Кучињата кои живеат во близина на Чернобил, каде што се случи нуклеарната катастрофа во 1986 година, развија нова суперсила – тие се имуни на радијација, тешки метали и загадување.
Научниците собраа примероци од крв од 116 кучиња скитници кои живеат во зоната на исклучување, а потоа утврдија дека меѓу нив има две различни популации, и двете се генетски различни од кучињата од околните области.
Ова укажува на тоа дека тие се прилагодиле на токсичната средина и објаснува зошто продолжиле да напредуваат во оваа пустелија.
Експертите сега се обидуваат да откријат како развиле генетска суперсила која може да помогне да се разберат здравствените последици од живеењето во област со различни загадувачи, не само за животните туку и за луѓето.
Да потсетиме, нуклеарната катастрофа се случи на 26 април 1986 година на северот на Украина кога експлодираше еден од реакторите на нуклеарната централа во Припјат. Жителите беа евакуирани од Чернобил и околните области за да се избегнат огромни нивоа на радијација. Оттогаш, оваа област е позната како зона на исклучување.
Бидејќи веќе никој не живее таму, освен неколку поединци, дивиот свет може да напредува. Иако станува збор за високо радиоактивна зона, кучињата скитници живеат таму со години, а научниците сега знаат зошто.
Во зоната на исклучување има околу 900, а повеќето од нив се потомци на домашни миленици кои жителите мораа да ги остават зад себе за време на масовната евакуација.
Катастрофите што ги загадуваат или уништуваат живеалиштата можат да ја принудат природата да се прилагоди на променетите услови.
Научниците земаа крв од кучиња за време на стерилизација и вакцинација, во програма што беше спроведена во 2018 и 2019 година.
Примероците од крвта потоа биле пренесени во САД за да бидат анализирани. Екстракцијата на ДНК покажа дека кучињата од Чернобил имаат уникатна генетска структура.
Истражувачите пронајдоа речиси 400 „оддалечени локуси“ или геномски локации кои покажуваат однесување и модели кои се неверојатно различни од остатокот од геномот.
Тие потоа идентификувале 52 гени поврзани со тие исклучителни места, за кои велат дека „можеби се поврзани со изложеност на загадување на животната средина во нуклеарна централа“, се вели во студијата објавена во списанието Canine Medicine and Genetics.
Со други зборови, контаминираната средина во која живееле кучињата предизвикала генетски мутации да се пренесуваат од генерација на генерација, што на крајот довело до нивно прилагодување на суровите услови.
Сепак, овие кучиња скитници не се единствените животни од Чернобил кои развиле „генетски супермоќи“.
Претходно беше утврдено дека мутираните волци се отпорни на зрачење што доведува до појава на рак, а промени се забележани и кај жабите, коњите и црвите.
Сето ова знаење може да сугерира дека зоната на исклучување може повторно да биде населувана.