ЛАВРОВ ДОБИ СКАПОЦЕН ПОДАРОК ​​ОД ИТАЛИЈА: Само папата Бенедикт Шеснаесетти и поранешниот италијански претседател го имаат

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров доби ретко издание на „Божествената комедија“ од Данте Алигиери како подарок од Италија , соопшти шефот на претставништвото на Министерството за надворешни работи на самопрогласената Јужна Осетија во Италија, Мауро Мурџа.

Според него, пред околу два месеца на руската амбасада во Рим и предал тритомно издание на италијанската поема, отпечатено во само 360 примероци. Како што рече, вакво издание имало во библиотеките на папата Бенедикт Шеснаесетти и италијанскиот претседател Карло Чампи.

– Книгите се направени од памучна хартија, илустрациите се рачно изработени. Секој примерок е единствен и различен од другите –  рече Мурџа. Тој додаде дека книгите биле испратени во Москва кај Лавров, кој одговорил со длабока благодарност и најдобри желби.

– Лавров направи многу за развојот на односите на Русија со Италија, како и со Јужна Осетија –  рече Мурџа.