Левица: Во 2024 година пратениците потрошиле 300.000 евра за патување, имало злоупотреба на буџетот

Продолжува злоупотребата на народните пари за патни трошоци од страна на пратениците, велат од Левица, нагласувајќи дека за удобните патувања на пратениците во законодавниот дом во 2024 година се потрошени 300.000 евра, што е за 20.000 евра повеќе во однос на 2023 година.

За ова од партијата велат дека нивните пратеници до Собранието ќе го достават Законот за патни трошоци со што драстично ќе се намали загубата на народните пари.

„За време на мандатот на претходниот парламентарен состав пратениците собраа над еден милион евра. Во 2019 година се исплатени 390.993 евра, во 2018 година 522.930 евра, во 2017 година 512.000 евра, во 2016 година 698.797 евра и во 2015 година 770.883 евра“, велат од Левица.

Покрај злоупотребата на патните трошоци, како деривати, даноци, амортизација, од опозициската партија посочуваат дека добар дел од пратениците наплаќале и кирија од 400 евра месечно.

„Некои од нив издаваа и покрај тоа што имаат станови во главниот град. „Битката“ за најмногу потрошени јавни средства по овој основ ја водат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, кои имаат мала предност пред пратениците на СДСМ, а за овој мандат им се приклучија и пратениците на ЗНАМ“, вели Димитар Апасиев, лидер на партијата.

Левица посочува дека пет години е парламентарна партија, но не наплатила ниту денар за патни трошоци.