Црвениот тепих на 76. Кански филмски фестивал ги собра најпознатите светски имиња.
Леонардо ди Каприо имаше голема причина да дојде. Тој присуствуваше на премиерата на неговиот нов филм „Убијци на цветната месечина“, а според изгледот може да се каже дека актерот воопшто не се менува.
Лео (48), кој неодамна го поврзуваа со манекенката Џиџи Хадид (27), блесна во темно одело со машна и уредно исчешлана коса.