Леонардо ди Каприо го прекрши сопственото правило? Актерот по кој лудуваат жените ширум светот не се одвојува од 25 години помладата манекенка (фото)
Оскаровецот и еден од најпознатите холивудски шармери Леонардо ди Каприо (50) со години беше познат по врските со жени помлади од 25 години. Сепак, се чини дека овој пат го прекрши своето правило започнувајќи врска со италијанската манекенка Виторија Серети (26).
Парот првпат беше поврзан во летото 2023 година, кога беа видени заедно на неколку настани. Нивната врска предизвика многу коментари, со оглед на репутацијата на Ди Каприо, додека неодамна се појавија гласини дека тој ја запросил.
Го прекрши сопственото правило
Иако гласините беа брзо демантирани, социјалните мрежи беа преплавени со шпекулации и коментари. Еден корисник на платформата X напиша: „Изгледа дека Лео конечно ја најде вистинската, дури и ако таа е малку постара од неговиот вообичаен избор“.
Да потсетиме дека Ди Каприо со години е познат по тоа што ги прекинува врските кога неговите партнери ќе наполнат 25 години, но неговата сегашна партнерка има 26 години, а гласините за запросување сè уште кружат. На социјалните мрежи некои коментираат дека е можно тој конечно да решил да ја скрши својата долгогодишна шема.