Летна авантура, или нов холивудски пар: Том Круз и Ана де Армас позираа заљубено на брод

Том Круз и актерката Ана де Армас беа фотографирани како уживаат заедно во Менорка, а нивните најнови фотографии ги потврдија информациите за потенцијална врска.

Круз и де Армас претходно беа поврзани преку многу проекти, а сега се фотографирани како уживаат во интимна атмосфера на брод помеѓу Кала’н Бош и Кап д’Андраткс.

Во таа пригода, Ана носеше бел проѕирен фустан под кој се гледаше бикини. Со ногата лежерно крената на мрежата каде што одмараше Круз, таа оставаше впечаток на опуштеност.

Нивната блискост дополнително ги потврдува гласините дека тие се нов холивудски пар. Во текот на годината, Круз и де Армас се појавија заедно во јавноста неколку пати, од излегувања во Лондон до заедничка работа на филмот „Deeper“.

Според странските медиуми, двојката веќе направила сериозен чекор, вселувајќи се во заедничка куќа во Вермонт.

Извори блиски до актерката открија дека таа неодамна го напуштила својот стан во Њујорк и решила да го напушти градот во потрага по помирен живот, а сè се совпаѓа со продажбата на нејзиниот луксузен поткровје во СоХо за дури 3,5 милиони долари.