ЛОЈАЛНОСТ ШТО ЈА ЛАДИ КРВТА Куче го чувало мртвиот сопственик 23 дена, она што го направило ги расплакало спасувачите!
Вистинската лојалност на кучето кон човекот не познава граници – ниту време, ниту студ, ниту смрт
Доказ за ова е германскиот овчар Талеро, кој го чувал телото на својот сопственик Бернардо Кеироз (27) 23 дена во суровите услови на аргентинска Патагонија, покажувајќи колку е силна и безусловна врската помеѓу човекот и кучето.
Во 2012 година, Бернардо бил на пат со сопругата, двете деца и кучето Талер да го посети својот брат кога нивниот автомобил се расипал на еден оддалечен, ненаселен пат.
Свесен дека се во опасност, тој решил да оди пеш за да побара помош со своето верно куче. Меѓутоа, за време на ненадејна снежна бура, ја изгубил ориентацијата и исчезнал.
Пребарувањето траело со денови, а по повеќе од две недели, семејството и спасувачите се плашеле дека шансите за преживување се минимални.
Кога спасувачите го пронајдоа телото на Бернард по 23 дена, затекнаа шокантна глетка – кучето Талеро не го напушти ниту за момент. Лежеше до него, обидувајќи се да го стопли, а воедно го заштитуваше од диви животни како лисици и грабливи птици.
Остатокот од семејството беше пронајден неколку дена подоцна во автомобилот и, за среќа, сите преживеаа.
Приказната за Талер стана симбол на лојалноста и верноста на кучето, а многумина ширум светот тврдат дека овој чин покажува зошто кучињата со право се нарекуваат најдобри пријатели на човекот.