Лудило во Монтевидео! Уругвај и Колумбија одиграа натпревар за паметење! Драма, пресврт, пет гола и финиш трилер! (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Уругвај ја совлада репрезентацијата на Колумбија во Монтевидео со резултат 3:2, во натпреварот од 11. коло од јужноамериканските квалификации за СП 2026 година.

Гостинскиот тим поведе во 31. минута со голот на Хуан Кинтеро, а Уругвај го постигна пресвртот преку Дејвисон Санчез (автогол) во 57. и Родриго Агире во 60. минута.

Колумбија израмни во 90+6. минута со голот на Карлос Андрес Гомеш, а конечниот резултат го постави Мануел Угарте во 90+11.

Уругвај е втор на табелата во јужноамериканската квалификациска група со 19 бодови, додека Колумбија е трета со исто толку бодови.