Лудило на јахтата пред свадбата на Џеф Безос

Објавено е видео од забавата на јахтата „Кору“, организирана од Џеф Безос и Лорен Санчез во Крес, неколку дена пред нивната свадба во Венеција.

Двојката направи забава со пена со пријателите, а го прослави и 19-тиот роденден на синот на Лорен, Еван. 

Прославата беше весела, со пена, скокање од јахтата во морето, даски за веслање и опуштање на лежалки на сончевата горна палуба.

Свадба во Венеција

Ве потсетуваме дека Безос и неговата свршеница пристигнаа во Хрватска кон крајот на мај. Тие го посетија и ресторанот „Код барба Лук“ кој се наоѓа во Стари Град на островот Хвар. По одморот во Хрватска, следува свадба во Венеција. Двојката се сврши во мај 2023 година, а свадбата е закажана за петок, 27 јуни.

Тие организираат тридневна прослава на која ќе соберат познати и моќни гости, а гостите почнаа да пристигнуваат во градот од вторник. Според странските медиуми, меѓу гостите се Ким Кардашијан, Крис Џенер, Иванка Трамп и Џаред Кушнер, инвеститорот Мајкл Кејс со сопругата Лидија, како и Бери Дилер и Дајана фон Фурстемберг.

Безос и Санчез сакаат нивната свадба да биде „свадбата на сите свадби“