Рѕскиот претседател Владимир Путин и белорускиот претседател Александар Лукашенко одржаа заедничка прес-конференција по билатералната средба во Москва.
Белорускиот претседател Александар Лукашенко на прес-конференција по средбата со рускиот претседател Владимир Путин на 13 март во Москва изјави дека Белорусија и Русија се во првите редови во борбата за праведен светски поредок, пренесува БелТА.
„Благодарение на конзистентната, урамнотежена и одговорна надворешна политика, Белорусија и Русија денес се во првите редови на борбата за праведен светски поредок. Тоа го правиме многу години. Нашите земји можат и треба да бидат пример за партнерите како да ги решат денешните сложени проблеми, да ги зачуваат и заштитат заедничките вредности и да обезбедат взаемна помош во остварувањето на националните интереси врз принципите на еднаквост и почитување“, рече Лукашенко.
Лукашенко ја коментираше и новата перспектива на соработка меѓу Русија и САД, која се отвори со враќањето на Доналд Трамп на раководството на Америка.
„Ако Русија постигне договор со САД, тоа ќе биде катастрофа за Европа и Украина“, рече Лукашенко.