Лукашенко: Западните функционери ги поттикнуваат тензиите во светот од своите канцеларии

Западните функционери ги поттикнуваат тензиите во светот од своите канцеларии, играјќи си со животите на луѓето како ликови во компјутерски игри, изјави денес белорускиот претседател Александар Лукашенко.

„Жаришта на тензии се потпалуваат директно од канцелариите на западните функционери. Тие си играат со животите на луѓето како ликови во компјутерска игра или холивудски филм“, рече тој на церемонијална средба во Минск по повод Денот на независноста, кој во Белорусија се слави на 3 јули, објави новинската агенција Белта.

Белорускиот лидер истакна дека 80 години по Победата во Втората светска војна, мировниот договор од Јалта е заменет со „авантура Брисел-Вашингтон“.

Според него, Белорусите реагираат поостро од кој било друг на настаните што нè принудуваат да правиме историски паралели.

„Повторувањето на катастрофа како во Украина или, не дај Боже, на Блискиот Исток, е неприфатливо за нас. Ќе ги отфрлиме претпоставките за таков развој на настаните во почетна фаза“, нагласи Лукашенко.