Лукашенко: Се плашам дека може да бидеме сведоци на граѓанска војна во САД, а тие, лудаците, тоа го прават со свои раце
Светот може да биде сведок на граѓанска војна во САД, предупреди претседателот на Белорусија Александар Лукашенко на Втората меѓународна конференција во Минск за евроазиска безбедност.
Според него, во последните години многу земји на планетата се дестабилизирани, а САД не се исклучок.
„Се плашам дека може да бидеме сведоци на граѓанска војна во САД, а тие, лудаците, тоа го прават со свои раце, додека сакаат да воведат ред во нашиот свет“, рече Лукашенко.
Тој додаде дека американските власти мора прво да воведат ред во себе и тоа да го покажат на целата меѓународна заедница.