Македонија и Словенија ќе потпишат меморандум за меѓународна развојна соработка

0

Македонија и Словенија денеска ќе потпишат меморандум за меѓународна развојна соработка за периодот 2023-2024 година.

Меморандумот ќе го потпишат вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и вицепремиерката и министерка за надворешни и европски прашања на Словенија Тања Фајон.

По потпишувањето на меморандумот, најавена е прес-конференција во Владата на Македонија.