Македонска државјанка е приведена во Бугарија, кај неа се пронајдени 89 илјади евра

Бугарската гранична полиција привела државјанка на Македонија откако кај неа пронашла скриени 89.000 евра.

Случајот е пријавен на 29 август, кога 40-годишен државјанин на Република Македонија, патувајќи со автомобил, пристигнал на граничниот премин Ѓуешево за излез од Бугарија.

„Гранската полиција побара заедничка инспекција со царинските службеници. Кај 40-годишната патничка беа пронајдени 89.000 евра скриени, врзани со селотејп и скриени под облеката. Според бугарските медиуми, започната е брза истрага и жената е приведена. Случајот се истражува“, соопшти МВР.