Макрон во Улан Батор ќе се сретне со монголските лидери по што ќе замине за Франција

 – Францускиот претседател Емануел Макрон пристигна во посета на Улан Батор, главниот град на Монголија, на враќање од самитот на Г-7 во Хирошима. Ова е прва посета на Макрон на оваа азиска земја.

Францускиот претседател пристигна во 18 часот и 30 минути по локално време во главниот град на Монголија и на аеродромот беше пречекан со воени почести од монголската гарда во традиционални униформи.

Тој вечер ќе се сретне со монголските лидери, по што ќе замине за Франција.