Францускиот претседател Емануел Макрон, во својот говор пред Генералното собрание на Обединетите нации, изјави дека ако американскиот претседател Доналд Трамп навистина сака да ја освои Нобеловата награда за мир, тогаш мора да ја запре војната во Газа.
Тој додаде дека само Трамп има моќ да изврши притисок врз Израел да ја запре војната.
„Постои само едно лице кое може да направи нешто во врска со ова, а тоа е американскиот претседател. Причината зошто тој може да направи повеќе од нас е тоа што ние не го снабдуваме оружјето што ја овозможува војната во Газа. Ние не ја снабдуваме опремата што ја овозможува оваа војна. САД го прават тоа“, рече францускиот лидер.
Mon discours aux Nations Unies : https://t.co/x7HL9G4Pti
— Emmanuel Macron (@EmmanuelMacron) September 23, 2025
Во својот говор пред Генералното собрание на ОН, Трамп го отфрли ставот на западните земји за поддршка на палестинска држава, велејќи дека тоа е награда за Хамас.
„Мораме веднаш да ја запреме војната во Газа. Мораме веднаш да започнеме мировни преговори“, изјави американскиот лидер.
Макрон, исто така, ја коментираше изјавата на Трамп: „Го гледам ангажираниот американски претседател, кој од говорницата утрово повтори: „Сакам мир. Решив седум конфликти“ и кој ја сака Нобеловата награда за мир. Оваа награда е можна само ако го запрете овој конфликт“.
Тој, исто така, ги спомена дипломатските напори во поддршка на Украина „токму поради отфрлањето на двојните стандарди, Франција ќе застане рамо до рамо со Украина, исто како што правиме за мир на Блискиот Исток“.
Инаку, Франција е меѓу неколкуте земји кои оваа недела ја признаа државата Палестина.