Манчестер Јунајтед отвори нов тренинг центар вреден 68 милиони евра: Видете што им нуди на играчите (фото)
Во петокот, Манчестер Јунајтед го претстави реконструираниот тренинг центар Карингтон, вреден 68 милиони евра.
Проектот, чија изградба траеше една година, беше реализиран под водство на познатиот архитект Норман Фостер од Манчестер.
Делумно беше финансиран од капиталната инвестиција од 400 милиони долари инвестирани во клубот минатата година од страна на мнозинскиот сопственик Џим Ратклиф.
Тренинг центарот беше реновиран со активно учество на играчите и персоналот, а беше отворен токму кога тренерот Рубен Аморим и тимот се вратија од тренинг турнејата во Соединетите Американски Држави.
Поголемиот дел од управувачката структура на клубот веќе е преместен во нов простор кој располага со најсовремена опрема и технологија, фокусиран на исхрана, закрепнување и кохезија на тимот. Дизајнот вклучува многу природна светлина и отворени работни простори кои поттикнуваат комуникација и соработка.
Ова реновирање доаѓа откако минатата година беа завршени зградите посветени на првиот женски тим и младинската академија.
Манчестер Јунајтед ја отвора новата сезона во Премиер лигата на 17 август со натпревар против Арсенал.