Мапа на Европа открива КОИ ЖЕНСКИ ИМИЊА СЕ НАЈПОПУЛАРНИ: МАКЕДОНЦИТЕ ГО САКААТ ОВА ИМЕ

На страницата Amazing Maps е објавена мапа на Европа на која се испишани најпопуларните имиња на девојки во различни земји.

Со оглед на тоа што мапите кои откриваат интересни информации за земјите низ светот стануваат сè попопуларни, претставени се едно такви кои се најчестите имиња за девојчиња во земјите од Европа во 2023 година. Податоците за картата ги симнале од веб-страницата “Fatherly”.

Јана е најпопуларно име во Македонија а Софија во Србија, но и во Црна Гора, Италија, Русија и Словачка.

Во Хрватска најпопуларното име за девојчиња било Миа, а истото било и најчестото име во Швајцарија, но и во Естонија. Во Словенија, претходната година, девојките најчесто ги нарекувале Ема, а во Албанија Амелија.

Во Португалија и Грција најчесто име за девојчиња било Марија, а во Шпанија Лусија. Во Турција тоа е Зејнеп, а во Велика Британија и Финска е Оливија.

Токму овие имиња беа меѓу најчестите во светот во 2022 година според истражувањето на BabyCentre. Во тоа време, имињата Софија, Оливија, Амелија, Миа, Емили, Изабела, Хана, Ема, меѓу другите, беа наведени меѓу стоте најпопуларни.