Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во Брисел се сретна новиот генерален директор на Генералниот директорат за соседска политика и проширување на Европската комисија, Герт Јан Копман, кој укажа дека исполнувањето на реформите во Поглавјата 23 и 24 мора да остане во фокусот на работата на сите институции во земјава.
![](https://ci6.googleusercontent.com/proxy/UTl2FXpzaih5bw4Y4Wsz-lzABqdP6neeOVrFffDKt0bGuen8Bh8A5JRSsPk9w9WJ8W4x5U0ixI4DlUYbRb9Tv7YJOSLeZvx7twdDnizbNPfTFaY2TThYL0Kp6uDnMg=s0-d-e1-ft#https://mia.mk/wp-content/uploads/2023/01/%D0%9C%D0%B0%D1%80%D0%B8%D1%87%D0%B8%D1%9C-%D0%9A%D0%BE%D0%BF%D0%BC%D0%B0%D0%BD-2.jpg)
– Владеењето на правото да остане во фокусот на институциите за брз напредок во преговорите со ЕУ. Судските реформи и владеењето на правото се од витално значење во Кластерот „Фундаментални вредности“ и на нив мораме да обрнеме посебно внимание особено во подготовката на Патоказот за владеење на правото. Постојат отворени и реални можности за напредок на Северна Македонија кон ЕУ, за кои Копман изрази волја за помош и поддршка, наведе Маричиќ во објава на својот профил на Фејсбук.
Тој потенцира дека од страна на ЕУ е препознаено и оценето како видливо високото ниво на подготвеност и ентузијазмот кај македонските преговарачки групи, кои досега презентираа пред Европската комисија и треба да ја одржиме таа динамика.
![](https://ci3.googleusercontent.com/proxy/bNUryzNQSEEj4M42-gokilqwc8e91CqqNRswlPMDUOlYKuTybh2gsU2C-rZrpNrRLToY-GZzE-OgnShff_S5l9ZvdXdoS4LFmXdGu-sy83PDcgdRbZxaJLOW6v4JUg=s0-d-e1-ft#https://mia.mk/wp-content/uploads/2023/01/%D0%9C%D0%B0%D1%80%D0%B8%D1%87%D0%B8%D1%9C-%D0%9A%D0%BE%D0%BF%D0%BC%D0%B0%D0%BD-3.jpg)
– Со континуирана поддршка на Европската унија, остануваме посветена на спроведување на обемни политички и економски реформи кои произлегуваат од процесот на пристапување и кои ги очекуваат граѓаните, додава Маричиќ во објавата.