Маркос Алонсо го продолжи договорот со Барселона

0

– Шпанскиот фудбалер Маркос Алонсо потпиша нов договор со Барселона до лето 2024 година, објави каталонскиот клуб на својот Твитер профил.

Договорот предвидува можност за продолжување на соработката за уште една година, а откупната клаузула изнесува 50 милиони евра.

-Мило ми е што ја продолжувам оваа епизода. Одиме понатаму. Да живее Барса, изјави Алонсо.

Левиот бек во кариерата настапуваше и за Реал Мадрид, Болтон, Фиорентина, Сандерленд и Челзи.