Маск во Пекинг: Интересите на САД и Кина се испреплетени како сијамски близнаци

0

Милијардерот Илон Маск, основач на компанијата Тесла, се состана со кинескиот министер за надворешни работи, Чин Ганг, набргу откако допатува во Пекинг на неговата прва посета на Кина од 2020 година.

Милијардерот Илон Маск, основач на компанијата Тесла, се состана со кинескиот министер за надворешни работи, Чин Ганг, набргу откако допатува во Пекинг на неговата прва посета на Кина од 2020 година.

Маск, вториот најбогат човек на светот, пристигна во Пекинг со приватен авион во сопственост на Тесла.

Посетата следуваше по зголемената конкуренција со која Тесла моментално се соочува со електричните возила произведени во Кина, но и во услови на неизвесност околу плановите за проширување на фабриката на неговата корпорација во Шангај.

„Кина ќе продолжи непоколебливо да го промовира отворањето на високо ниво и е посветена на создавање подобра пазарно ориентирана, легализирана и интернационализирана деловна средина за компаниите од целиот свет, вклучително и за Тесла“, рече шефот на кинеската дипломатија во соопштението по средбата со Маск.

Тој истакна дека здравиот, стабилен и конструктивен кинеско-американски однос е од корист не само за двете земји, туку и за целиот свет.

Маск рече дека интересите на САД и Кина се испреплетени како сијамски близнаци.

„Тесла се противи на одвојување и прекинување на синџирите и е подготвена да продолжи да го шири својот бизнис во Кина и да ги споделува можностите за развој на Кина“, рече Маск.