Маск: Го исклучувам мојот телефонски број, ќе користам Твитер за се

Шефот на Твитер (Х) Илон Маск објави на социјалната мрежа дека наскоро ќе ја користи само за пораки и повици.

„За неколку месеци, ќе го исклучам мојот телефонски број и ќе го користам X само за пораки и аудио/видео повици“, напиша Маск.

Ова не е прв пат да се зборува за ваква функција – на крајот на јануари специјализирани веб-страници напишаа дека ќе биде достапна за сите на Android по ажурирањето на апликацијата.

Уште порано, односно минатото лето, Линда Јакарино, извршната директорка на компанијата, за прв пат проговори за оваа опција.

Само корисниците кои имаат претплата на оваа социјална мрежа ќе можат да ги повикуваат другите, додека сите ќе можат да примаат повици.