Маск: Ќе ги поддржам трошоците за судење на неправедно обвинетите корисници

0

„Ќе ги поддржам трошоците за судењето на неправедно обвинетите корисници на платформата X“, изјави Илон Маск.

Илон Маск, сопственикот на платформата X, објави дека има намера финансиски да ги поддржи правните трошоци на луѓето кои биле неправедно третирани од страна на нивните работодавци поради објави или лајкови на социјалната мрежа Х, која до неодамна се викаше Твитер.

Маск изјави дека нема ограничувања за финансиската помош и посочи дека бројот на месечни корисници на платформата X неодамна достигна „нов максимум“ од над 540 милиони, пренесува Ројтерс.

Сепак, и покрај растот на бројот на корисници и очекувањата, приходите од реклами на Икс не го постигнаа очекуваниот раст, а ликвидноста останува негативна поради значителниот пад на приходите од реклами и високиот долг.

Покрај тоа, Мета лансираше конкурентна платформа наречена Threads на 5 јули.