Масовен штрајк: Повеќе од 20 проценти од вработените во НАСА бараат раскинување на работниот однос

Повеќе од 20 проценти од вработените во Американската вселенска агенција (НАСА) , или околу 3.870 работници, поднеле барање да ја напуштат агенцијата преку првата рунда од Програмата за одложено ослободување , потврди НАСА за CBS News.

Таа програма беше воведена за време на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп со цел да се намали бројот на вработени во федералните агенции.

Рокот за аплицирање за програмата заврши во петок на полноќ, а според податоците на НАСА, бројот на вработени во агенцијата ќе се намали од околу 18.000 на 14.000, што вклучува околу 500 работници кои си заминале поради пензионирање и други причини.

Портпаролката на НАСА, Шерил Ворнер, нагласи дека безбедноста останува клучен приоритет за агенцијата и дека целта е да се балансира ефикасноста на организацијата, а воедно да се зачува можноста за продолжување на истражувањето, вклучително и мисиите на Месечината и Марс.

Како дел од програмата, околу 870 вработени аплицирале за напуштање во првиот круг, додека околу 3.000 работници аплицирале во вториот круг.

Програмата за одложено отпуштање беше дизајнирана како алатка за намалување на трошоците и бројот на вработени во федералната влада и беше иницирана од Министерството за ефикасност на владата.

Предлог-буџетот на Белата куќа за фискалната 2026 година предвидува намалување на финансирањето на НАСА за 25 проценти, од 24 милијарди долари на 18 милијарди долари, што, како што пишува претходно споменатата медиумска компанија, дополнително предизвикува загриженост кај вработените.

Во декември, Трамп го номинираше милијардерот астронаут Џаред Исакман за следен администратор на агенцијата, но номинацијата беше повлечена кон крајот на мај, непосредно пред гласањето во Сенатот.

Откако ја повлече номинацијата, Трамп го назначи министерот за транспорт Шон Дафи привремено да ја преземе раководството на НАСА.