Мајка му го оставила на буниште кога имал 2 недели: Цел живот го барал татко си, а после 60 години го пронашол полубратот (фото/видео)
Пол Коноли (61) од Билерикај, Есекс, кого мајка му го оставила во канта за отпадоци кога имал само две недели, за првпат го запознал својот полубрат од татко му во ТВ-шоуто „Долго изгубено семејство“.
Според Дејли Мејл, Пол, роден во источен Лондон во 1962 година, го поминал целиот свој живот во потрага по роднините од страната на неговиот татко во семејството, повремено контактирајќи со ирските роднини од страната на неговата мајка. Откако мајка му го оставила во канта за ѓубре, тој бил спасен од сосед кој го слушнал неговиот плач и повикал социјална служба.
И кога неговите два сина му дадоа домашен комплет за ДНК тест, Коноли откри дека е половина Малтежанец и со помош на истражувачкиот тим од ТВ-шоуто „Долго изгубено семејство“ на крајот му влегоа во трага на Френки Перони (62), полубрат од страната на неговиот татко кој учел во истото училиште со Пол.
“Почнав да барам татко, а наместо тоа, најдов брат. Иднината е навистина светла”, рекол Пол, боксер аматер кој основал компанија за фитнес и рехабилитација. Во емисијата раскажа како на осумгодишна возраст го сместиле во домот за деца Св. Леонард во Хорнчерч.
„Имаше многу ментална тортура, многу тепање… Спиев под креветот, со кујнски нож со дрвена рачка до мене“, се сеќава тој.
И денес не знае зошто мајка му го оставила
На изводот од матичната книга на родените пишувало дека неговите родители се Метју и Мери Коноли, имигранти од Ирска, но тој вели дека секогаш бил свесен дека изгледа поинаку од неговиот полубрат, кој често му велел: „Ти си Пин син” мислејќи на локален малтешки бизнисмен кој водел продавница во близина на домот на неговата мајка.
„Отсекогаш мислев дека брат ми само се шегува, а потоа моите синови ми дадоа комплет за ДНК тест… Бев целосно шокиран кога резултатите покажаа дека сум половина Ирец, половина Малтежанец. Потоа го најдов Френки и сè ce смени” – изјави Пол Коноли.
Френки го поминал детството со својата мајка, која починала во 2017 година, а Пино повремено го посетувал пред неговата смрт во 1968 година. Интересно е и тоа што браќата, несвесни за нивната семејна врска, се запознале подоцна во животот – имено, Пол некогаш работел како вратар во ноќен клуб каде Френки настапувал како музичар.
„Мајка ми почина пред неколку години. Можеби ме остави затоа што се срамеше што е вонбрачно дете, не знам… Во 60-тите тоа беше голема работа. Тоа беше веројатно најдоброто што можеше да го направи тогаш. Немав вистински контакт со неа, разговаравме само неколку пати. Таа својата тајна ја однесе во гроб“, заклучил Пол.