МВР продолжува со рациите на територијата на Република Македонија: Запленети се оружје, пари и дрога
Во рамки на засилените активности за откривање на сторители на кривични дела од областа на недозволената трговија со дрога и оружје, Министерството за внатрешни работи спроведе координирани активности низ државата.
Како што соопшти МВР, по претходно добиени наредби од судија на претходна постапка, извршени се 52 рации во домови и помошни простории на локации низ државата, при што ловечки пушки, карабини, воздушни пушки и гасни пиштоли, муниција од различен калибар, семки од канабис, неколку пакувања во прав, електрани и гранки пронајдени се прстени наполнети со течности и други предмети.
При рациите пронајдени се и пари за кои постои сомневање дека потекнуваат од продажба на наркотици.
Во рамки на активностите само вчера по брза постапка се поднесени три кривични пријави против четири лица по член 215 и една кривична пријава против едно лице по член 396 од Кривичниот законик. Во меѓувреме, против едно лице е распишана локална потерница. По целосно документирање на случаите, против другите две инволвирани лица ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Министерството за внатрешни работи и во наредниот период ќе продолжи со мерки и активности за спречување на кривични дела од областа на недозволената трговија со дрога и оружје, како и за пронаоѓање и апсење на сторителите на овие дела.