Мерко без никакви должности, Фатон Положани на чело на огранокот на ДУИ во Струга

На денешната седница на Централното претседателство на Демократската унија за интеграција (ДУИ), што се одржа во Кичево, одлучено е Фатон Положани да биде именуван за вршител на должноста претседател на огранокот на ДУИ во Струга.

Оваа одлука, како што се наведува во соопштението на ДУИ, доаѓа како продолжување на процесот на внатрешни реформи во партијата, врз основа на строги правила за ветинг и во консултација со членството на ДУИ во Струга и мнозинството стружани.

„ДУИ воведе нова ера на транспарентност и одговорност. Фатон Положани е млад и докажан политичар, кој својот политички ангажман го започна како посветен активист за граѓаните на Струга. Тој посветено ја извршуваше функцијата заменик министер за транспорт, покажувајќи способност и одговорност во својата должност“, се вели во соопштението на ДУИ.

Со оваа одлука, се наведува понатаму, ДУИ не само што продолжува со длабоките реформи засновани на високи етички стандарди, туку јасно покажува дека способните и докажани млади луѓе заземаат клучни позиции за градење на политичката иднина на државата.

„Демократската унија за интеграција останува посветена да донесе опипливи промени, да ги поддржува лидерите со интегритет и јасна визија за развојот на Струга.

Инаку, Мерко, поранешниот прв човек на струшката огранок е „разрешен“ од сите должности и во струшката.

Вршителот на должноста претседател на огранокот е овластен да се консултира со членовите на локалните совети и да дава предлози за вршители на должност претседатели на локални совети, вршители на должност членови на претседателствата на локалните совети и вршители на должност членови на претседателството на ограноците.