Мерц вети дека ќе изгради 50 електрани на гас доколку биде избран за германски канцелар

Германскиот опозициски лидер Фридрих Мерц вети дека ќе изгради 50 електрани на гас доколку конзервативниот блок на Христијанско-демократската унија на Германија и Христијанско-социјалната унија (ЦДУ/ЦСУ) победи на предвремените парламентарни избори закажани за 23 февруари.

Мерц изјави за германскиот портал t-online дека на Германија и е потребна изградба на 50 електрани на гас, оценувајќи дека владата на чело со Олаф Шолц направила „сериозна стратешка грешка“ кога ги затворила последните три нуклеарни централи кои, како рече тој, гарантира сигурно производство на електрична енергија во енергетска криза.

Производството на електрична енергија на гас во Германија се зголеми за рекордни 79 отсто во ноември и октомври во споредба со истите месеци минатата година по остриот пад на производството на електрична енергија од ветерниците, објави Ројтерс.

Моќта на ветрот беше за 25 отсто помала во октомври и ноември минатата година во споредба со истите месеци во 2023 година поради малата брзина на ветерот.

Ветерните електрани испорачале 27 отсто од електричната енергија на Германија во 2023 година.