Меси е најдобриот фудбалер на сите времиња, постигна уште еден фантастичен гол

Најдобриот фудбалер на сите времиња Лионел Меси постигна фантастичен гол за Интер Мајами против Шарлот.

Аргентинецот влезе во средината од десната страна, а потоа со мајсторски удар со левата нога го погоди небранетиот дел од голот на Шарлот.

Хрватскиот голман Кристијан Калина не можеше да направи ништо во голот на противничката екипа, па Интер на тој начин стигна до израмнување од 1:1, што на крајот се покажа како конечен резултат.

Ова беше 17-ти гол за Меси во 19-от настап во дресот на Интер Мајами, на кој додаде феноменални 12 асистенции за соиграчите.

Интер и понатаму е на првото место на табелата во Источната конференција со 65 освоени бодови од 31 одигран натпревар, додека Шарлот е седми со 42 бода.

Меси ќе има можност да постигне нов гол во дресот на Интер за неколку дена, кога е предвидено гостување кај Колумбус, додека Шарлот на домашен терен ќе биде домаќин на Чикаго Фајр.