Меси и неговата сопруга беа фатени од „Kiss Cam“ на концертот на Coldplay, погледнете како реагираа (видео)
Најдобриот фудбалер на сите времиња, Лионел Меси, присуствуваше на концертот на „Колдплеј“ на стадионот „Хард Рок“ во Мајами во недела навечер.
Меси пристигна во Хард Рок со своето семејство, а на социјалните мрежи сподели фотографии од концертот со сопругата Антонела и нивните три сина.
За време на самиот концерт се случи една многу интересна сцена, бидејќи во еден момент Лионел и Антонела беа снимени од познатата камера за бакнување (Kiss Cam).
KissCam го сними познатиот пар, публиката веднаш ги препозна и почна да аплаудира, а двајцата само се смееја.
Исто така, Лео и Антонела беа забележани од пејачот Крис Мартин, кој во тој момент рече: „Мој прекрасен брату! Ти и твојата сопруга изгледате одлично. Ти благодариме што си со нас вечерва. Ти си најголемиот спортист на сите времиња.“
Иако не се бакнаа, нивното појавување на големото платно стана посебен момент од вечерта.
За потсетување, Меси неодамна беше суспендиран на еден натпревар во МЛС лигата бидејќи неоправдано избегна да игра на Ол-стар натпреварот.
Поради ова, Меси го пропушти натпреварот на Интер Мајами против Синсинати минатиот викенд.
Меси блеска во дресот на американскиот клуб и оваа сезона и има 18 гола на 18 одиграни натпревари, а асистираше и седум пати.